Би сакала да го споделам со вас моето скромно знаење за тоа како сите ние сме поврзани со природата и универзумот. Oва е доста битно, особено во овие времиња полни со предизвици, за да можеме да ги поддржуваме нашите умови, тела и духови! Ајде да одиме чекор по чекор. Ова ќе биде многу важно во нашиот иден живот, а јас сум среќна што можам да споделам вакви драгоцени информации со другите луѓе за меѓусебната поврзаност на сè околу нас. Денес би сакала да го претставам мојот прекрасен пријател Марс.
Марс бил син на богот Јупитер и божицата Јуно. Родителите на Марс биле познати по силата и заштитата. Некаде имам сретнато и дека Марс е татко на Ромул и Рем, браќата близнаци кои биле основачи на Рим. За Марс се вели дека ги обожава насилството и конфликтот. Марс ја симболизира волјата за победа, насоката и акцијата – начинот на кој ги придвижуваме работите напред! Марс е познат како бог на војната (грчки: Арес). Марс е машка планета која претставува фокус, сила, издржливост и погон. Марс е моќен, едноумен и агресивен. Марс е планета која владее со Овенот, но и со Шкорпијата (како и Плутон). Марс го покажува нашиот потенцијал за справување со сите неволји, дава енергија, страст, амбиции, сексуален потенцијал, храброст и искреност. Ако е лошо аспектиран, Марс преминува во тиранин, покажува агресивност, насилство, љубомора, садизам и воинственост. Каде се наоѓа Марс во хороскопот, таму најмногу трошиме енергија. Марс е крвта што тече низ нашите вени и мускули (тој го регулира мускулниот систем и крвта според медицинската астрологија). Тој е вашата реакција на неочекуваното и како се справувате да се соочите со тоа. Некои велат дека Марс е наш одбранбен механизам. „Оружјето“ што ја брани нашата личност. ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀ ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Марс има една од најексцентричните орбити. Затоа ќе биде во Овен од 27 јуни 2020 до 6 јануари 2021 година и официјално ќе започне ретроградено движење на 9 септември 2020 до 13 ноември 2020. Наскоро по затемнувањето на Сонцето, Марс влегува во Овен на цели 6 месеци (наместо вообичаените 6 недели) заради многу динамичното ретроградно движење што ќе се случува оваа есен. Додека Марс (како бог на војната) е во знакот на Овен , ќе поттикне разни протести и граѓански немири. НО – едно е сигурно, маската паѓа, вистината доаѓа! Само запомнете, чувството на страв не значи дека правите нешто лошо. Не знаејќи точно што се случува или каде ве носи, не значи дека сте изгубени. Не плашете се да го пуштите старото, дури и ако не сте точно сигурни како изгледа новото.
ПРЕДИЗВИКОТ НА МАРС е да станете свесни за енергијата на Марс во вашиот живот и да изберете да не го користите на начини што се ослабувачки – преку агресија, гнев, насилство или похот. Прочистувањето на оваа сурова енергија, може да се искористи и канализира во конструктивните цели на вашиот избор. ЦЕЛТА НА МАРС е успешно да ја насочите вашата енергија кон постигнување на што и да е тоа што вие лично го цените. Сите планети претставуваат дел од нашето тело. Да ги разгледаме деловите на телото и заболувањата поврзани со Марс: Крвта, сржта, енергијата, вратот, вените, гениталиите, вратот, црвените крвни зрнца, Аналниот отвор, женските органи и нивото на енергија на телото се под власта на Марс. Лошо аспектираниот Марс дава проблеми поврзани со нарушувања на мозокот, повреди, токсичност, болно око, чешање, згрутчување на крвта, женски генитални заболувања, слаби коски, тумор, плускавци, проблеми со колена.. * Важно е да се види каде Марс се наоѓа во вашата натална карта, заедно со неговите аспекти. Ова може да обезбеди голема јасност во однос на потенцијалните јаки и слаби страни во телото.
Во астрологијата, сите планети имаат свои симболични растенија, кои можат да ја зголемат својата енергија со самото конзумирање на истите. Црвените растенија честопати се поврзани со Марс, како и оние со силен, зачинет вкус ,растенија со трње и бодливи површини кои можат да бидат иритирачки за кожата, билки и корени со силна зачинета арома, растенија кои го зајакнуваат имунитетниот систем, растенија кои влијаат на мускулите и тетивите, растенија кои го подобруваат сексуалниот нагон и потенцијата. Едни од растенијата кои ја зголемуваат енергијата на Марс се: Оригано, босилек, праз, коприва трн, тутун, кромид, лук, куркума, ѓумбир ,кактус, морков, чили пиперка, агромонија, алое.. Позицијата на Марс во наталната карта покажува како раководиме со енергијата, на кој начин можеме да бидеме агресивни, и колку лесно се разбеснуваме.
Го покажува натпреварувачкиот дух, доколку го имаме, а во лоши позиции носи деструктивност. Негов метал е железото.
Се надевам дека уживате во читањето![]()

