Природата и универзумот – Венера

March 14, 2024by admin0
https://thewitchfromeasterneurope.com/wp-content/uploads/2024/03/veneraa.jpg

Би сакала да го споделам со вас моето скромно знаење за тоа како сите ние сме поврзани со природата и универзумот, ова е доста битно, особено во овие временски периоди,за да можеме да ги поддржуваме нашите умови, тела и духови! Ајде да одиме чекор по чекор. Ова ќе биде многу важно во нашиот иден живот, а јас сум среќна што можам да споделам вакви драгоцени информации со другите луѓе за меѓусебната поврзаност на сè околу нас. Да започнам со тоа, денес би сакала да ја претставам мојата прекрасна пријателка Венера, таа има посебна врска со Сонцето и се вели дека е негова ќерка. Венера е втора планета од Сонцето.

Планетата го добила името по римската божица на љубовта и убавината. По Месечината, таа е најсветлиот природен предмет на ноќното небо, достигнувајќи очигледна големина, што ја прави видлива со голо око. Како еден од видливите предмети на небото, Венера зафаќа најголем дел од човековата култура сè одкако постоеле записи. Таа е света за боговите на многу култури и е главна инспирација за писателите и поетите. Во римската митологија, Венера била божица на љубовта, сексот, убавината и плодноста. Таа била божица на победата, плодноста, па дури и проституцијата. Секоја митологија од целиот свет има симбол сличен за Венера, божица која претставува плодност и љубов. Постојат многу фигури на Венера низ целиот свет, повеќето биле откриени во Европа. Нејзин метал е бакарот,но во светот постојат природни камења односно кристали што се дирекно поврзани со Венера, како што се розе кварц, амазонит, калцит… Ќе се задржам на калцитот како планетарен камен за Венера. Калцитот е прилично мек и се смета дека е еден од повеќе кревки видови на скапоцени камења на располагање. Калцитот ги поврзува емоциите со интелектот, создавајќи емоционална интелигенција. Со тоа што моментално живеам на локација во изобилство на Калцит, односно остров што лежи на калцит,можам да потврдам дека калцитот го смирува умот, учи разумност и анализа, стимулира увид и ја зајакнува меморијата.

На луѓето што живееат на ваква местоположба директно поврзана со Венера им се дарува мир, јасност, интуиција, будност,спокој и вистина. Да видиме како нашата пријателка Венера влијае на нашето тело: Венера ни помага да најдеме рамнотежа и хармонија во рамките на нашите односи, истото го прави и во нашето тело. Таа е директно поврзана со бубрезите кој постојано ја одржуваат рамнотежата на крвта – особено во однос на цврстите материи (минерали) и течности. Вернера исто така е поврзана со клетките, репродукцијата, збогатување и трансформацијата на клетките, зачувувањето на телото, тен, репродуктивниот систем, уринарниот мочен меур и рамнотежата помеѓу сите системи на организмот. Поединци кои имаат проблеми со овие делови од организмот, треба повеќе да ги конзумираат чаевите од билки кои се дирекно поврзани со Венера или да конзумираат храна управувана од Венера. По природа, билките на Венера се женствени, нежни, сјајни,ароматични.

Оваа категорија на билки се оние што ги балансираат сите главни системи на органи и му помагаат на нашето тело да пристапи до хармонија. Билките на Венера работат со енергиите на привлечност. Многу од овие билки се користат како ритуал во различни традиции. Ќе набројам неколку омилени. Бидете свесни дека многу од овие растенија се преклопуваат и со другите планети. Иако секоја билка се манифестира различно при правењето напивки, секоја фундаментално ќе ја хармонизира и воздигнува енергијата на Венера: -Црвени јаболка, капини, какао, рибизли, грозје, круша, праски, малини, јагоди, лубеница, ружа, мајчина душица,женска мантија, хибискус, кантарион, аронија и многу други.. Билките на венера не се само билки за „убавина“ , може да ги наречеме и билки за среќа, билки за срцето, еуфорични билки.. Брзото движење на Венера низ зодијакот значи дека таа има големо влијание во вашиот секојдневен живот.Венера како планетарен владетел на хармоничната Вага и сензуалниот Бик. Бик ужива во радостите на материјалниот свет – уметноста, храната. Вага, исто така, ужива во софистицираност, луксуз и елеганција. Венера може да влијае дури и на тоа како ја украсувате вашата соба, вашиот избор на музика и вашите омилени бои.

Преку моќта на Венера, ние сме во состојба да ги научиме и истражиме нашите задоволства, вкусови, склоности и сите работи што нè прават среќни. Ние го манифестираме влијанието на Венера во нашите естетски преференции, материјални желби, модна смисла, па дури и како ги избираме нашите љубовници.Таа влијае на сè што е пријатно во животот – енергијата на Венера управува со модата и естетиката. Таа влијае на креативноста на луѓето и им обезбедува божествена женска енергија. Венера дава знаење и мудрост за тоа како да се сака – како да ги цениме материјалните работи што ги поседуваме. Познавањето на поставеноста на Венера кај вашите партнери може да ви помогне да ги разберете нивните романтични потреби. Ако знаете нечиј романтичен стил, ќе поминете полесно во одделот на додворување! ???? Имајте на ум дека додека Венера владее со сите романтики, Марс владее со сексуалниот нагон (тоа ќе биде тема во мојот нареден текст).

Моментално имаме Венера ретроградна, кога Венера е ретроградна клучното прашање што си го поставуваме е „Дали го сакам тоа?“ ако одговорот е не, треба да го пуштиме да замине. Енергијата на планетата Венера има силна врска со планетата Земја! Поставеноста на Венера во Вашата натална карта покажува што Ви е потребно и што барате од една врска, какви сте Вие кога сте во врска , но и што е предмет на Ваше внимание и уживање вон врските (уметност, музика и сл.) „Јас сум твојата Венера, јас сум твојот оган-твојата желба“

???? Се надевам дека уживате во читањето ????

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *